Македонија
12. September 2019 - 16:11

Жбогар: СЈО заврши важна работа која не смее да заврши тука

Евроамбасадорот Жбогар апелира политичките партии што поскоро да изнајдат решение за Законот за јавно обвинителство. смета дека СЈО во измионатиот период заврши важна работа која не смее да застане тука. Според него нема ништо спорно доколу СЈО се спои со Јавното обвинителство. 

Сега засега не е најдено решение. Не е постигната согласност. Но, ние и понатаму ќе работиме на тоа повторно да видиме што ќе се случи со предметите поврзани со поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Решението се уште не е постигнато, но треба да го постигнеме, да го најдеме тоа решение. Упатуваме апел до двете политички партии да продолжат со нивните напори да се обидат да најдат консензус во врска со ова прашање, истакнува Жбогар.

На итно донесување на законот за Јавно обвинителство и продолжување на предметите на СЈО апелира и Блупринт групата за следење на реформите во судството. Слетаат дека новото законско решение треба да го интегрира Специјалното обвинителство во системот како независен орган кој ќе гони исклучиво назначени и именувани функционери.  

Обвинители на СЈО треба да продолжат да го водат предметите исто како и досега. Сметаме дека нивното враќање во матичните обвинителства ќе значи непотребно трошење на време и ресурси, вели Натали Петровски, претставник на Блупринт групата за следење на реформите во судството.  

Невладините организации сметаат дека ваквите законски решенија важни за целиот државен систем не треба да се носат преку политички договори. Тоа веќе се покажа како штетно и нефункционално. Од овие причини не се согласуваат со ставот на партиите, шефот на новото обвинителсто да се избира по предлог на опозицијата. Сметаат дека тоа е работа на Советот на јавни обвинители. 

И Жбогар и невладините организации потенцираат дека ова законско решение не е формален услов за добивање датум за преговори со Европската унија, но е важен чекор во овој процес.