Македонија
26. August 2019 - 16:08

Жбогар: „Рекет“ е последна шанса за враќање на довербата во правосудството

Со брза и назависна истрага за Рекет, судството ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните, порачува Европската унија преку евроамбасадорот Жбогар. Во тоа ќе успее само ако одолее на политичкиот притисок. 

Судскиот процес за кој сведочиме деновиве беше трансформиран од политиката и од некои домашни и странски медиуми во риалити шоу. Тие се обидоа да му ја преземат улогата на судството, да ја играат улогата на „поголемиот брат“, диктирајќи ги играчите внатре, во куќата, што е судството. Лажните вести и доведувањето во прашање на се и сешто, станаа модус операнди во земјата. Секој стана криминалец што значи дека криминалците станаа анонимни, сите се еднакви, сите се исти, истакна Жбогар

Со единствен став за ова прашање се и Пендаровски и Димитров – сметаат дека случајот Рекет во мометов не е формален услов за пристапни преговори со Европската унија, но неопходна е темелна истрага. Шефот на државата и министерот за надворешни бараат обвнинителствто и натаму да работи неселктивно и со тоа да испрати јасна порака дека никој не е над законите.

Ставот на државниот врв е дека Македонија во изминатиот период направи се за да добие датум за отпочнување на преговорите со Унијата, но дали одлуката на 15 октомври ќе биде позитивна зависи и од Законот за јавно обвинителство.

И додека почетокот на преговорите со Унијата зависи од политичкиот дијалог во земјава, Пендаровски вели дека членството во НАТО е веќе обезбедено. Ако тоа не е се случи во декември, шефот на државата е убеден дека Македонија ќе стане 30та земја члена на Алијансата во првата половина на 2020та.