Македонија
28. October 2019 - 16:41

Жбогар: Пописот да се спроведе што поскоро

Пописот да се одржи што поскоро. Лочигно е сега пред избори да се одложи, за да нема политичко влијание, но попис мора да има, најдоцна до 2021 година.  Ова е пораката на евроамбасадорот Жбогар на Европскиот ден на статистиката. Истакна и дека статистичкиот сектор мора да се управува професионално и без политички влијанија, за да се направи земјата подобро место за живеење.

Одложувањето се разбира е логично во овие околности. Пописот е процес од кој имаат корист сите граѓани и треба да биде ослободен од политичко влијание. Разбираме дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред. Се надеваме дека ќе има и политичка волја да се заврши оваа операција. Со нетрпение очекуваме да видиме како пописот ќе се одвива штом сите услови бидат исполнети, а најдоцна до 2021 година кога ќе организираат ваков попис и останатите европски земји, изјави Самуел Жбогар, евроамбасадор.

Има ли услови за попис и дали подотоците што ги објавува статистиката се лажираат, како што обвини лидерот на опозицијата Мицковски, директорот на Државниот завод, без одговор.

За се ќе бидете писмено информирани, изјави Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика

Писмено соопшение во текот на денот не добивме. Инаку евроамбасадорот повика да се продолжи со реформите. Во последниот Извештај Унијата нотирала низа забележки во статистичкиот домен , особено во макроекономијата и социјалната заштита. Во изминатите 8 години Унијата преку ИПА  фодовите за подобрување на системот на статистиката и Народната банка вложиле 5 милиони евра.