Балкан
26. February 2016 - 12:12

Жбогар: ЕУ загрижена поради политичката криза во Косово

Европската унија е загрижена поради политичката криза во Косово, а шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово, Самјуел Жбогар ја повика Владата и опозицијата на политички дијалог во интерес на граѓаните.

– Загрижени сме поради актуелната поитичка криза во Косово и за неговиот народ во иднината, изјави Жбогар по повод повеќемесечните протести на опозицијата и блокадата на косовскиот парламент кои денеска треба да одлучат за избор на претседател на Косово.

Тој истакна дека политичката стабилност е предузлов за економски развој, либерализација на визниот режим, процес на нормализација како и примена на европски реформи и Договорот за стабилизација и придружување.

– Веруваме дека Косово е во фаза да докаже дека може само да се носи со своите проблеми. Владата и опозицијата треба да пронајдат начин ..и да се ангажираат во политичкиот дијалог во интерес на народот, и да се обидат да пронајдат демократско решение што на државата ќе и овозможи напредок, наведе Жбогар во изјава за новинари.