-->
-->
Жбогар: ЕУ ќе и помогне на Македонија за справување со коронавирусот
-->
Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку својот твитер профил ја најави помошта од ЕУ за Северна Македонија за справување со коронавирусот.
– Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка, напиша евроамбасадорот Жбогар.
Тој ја поздрави и одлуката на ЕУ за старт на пристапните преговори со земјава. – Горд сум што и во овие тешки времиња, земјите членки на ЕУ ги признаа напорите на Северна Макеоднија и решија да започнат преговорите за пристапување. Започна нашето заедничко патување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК
-
Синот на Бајден присуствуваше на инаугурацијата и покрај истрагата против него
-
Сообраќајот по наместа влажни коловози, можна е појава на голомразица
-
Заев со честитка до Бајден и Харис: Верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото
-
Средбата неуспешна: Средношколците од утре ќе ја бојкотираат наставата
-
Угостителските објекти од утре ќе работат до 21:00 часот
-
Второто полугодие продолжува со истите мерки и протоколи
-
Заев: Пописот е статистички процес неопходен на државата за креирање на долгорочни развојни економски политики