Балкан
2. September 2016 - 11:59

Жбогар: Демаркацијата е услов за визна либерализација

Демаркацијата на границата меѓу Црна Гора и Косово е прашање што мора да се реши на патот на Приштина кон визната либерализација, изјави поранешниот специјален претставник на ЕУ за Косово, Самуел Жбогар, пишува денеска косовскиот весник „Лајм“. 

Жбогар вчера во интервјуто за емисијата „Животот во Косово“ (Јета не Косове) истакна дека демаркацијата и борбата против корупцијата во високите кругови се двата услови кои Косово не ги исполнува за визна либерализација. 

Истовремено, известувачот за ЕП за Косово, Улрике Луначек и известувачот за визна либерализација Тања Фајон изразија жалење поради одложувањето на ратификацијата на договорот за демаркација меѓу Косово и Црна Гора. 

И Луначек и Фајот го повикаа Косово да ги исполни условите за визна либерализација, пишува косовскиот весник „Епока е Ре“