Жан-Патрик Конрад добитник на Светската награда за хуманизам за 2018 година
Жан-Патрик Конрад, професор на „Империал“ колеџот од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите е добитникот на Светската награда за хуманизам за 2018 година што ја доделува Охридската академија на хуманизмот во чест и слава на Свети Климент Охридски.
Конрад е дванаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на Унеско, веќе ги овенча нобеловците Александар Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.
- Човештвото отсекогаш се стремело кон етичките и филозофските вредности што ги носат досегашните добитници на наградата и духот на учењето на Св. Климент Охридски, потсетува дека хуманизмот ќе ги победи глобалните закани за уривање на човечката надеж, стои во писмото што лауреатот Конрад го испрати до претседателот на интернационалното жири Јордан Плевнеш.
Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 18 јануари, наспроти големиот празник „Богојавление“, во Куќата на Уранија на МАНУ.
Ново на Сител
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола