Македонија
5. October 2022 - 14:45

Жан Митрев дал 1 милион евра како гаранција дека нема да побегне од државата

Докторот и сопственик на приватната болница Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра во кеш во Основниот Кривичен суд во Скопје како гаранција дека нема да избега од државата.

Ова го соопшти денеска шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски.

Митрев е осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство за процедурите на лечење во неговата болница. На лекарот, по барање на обвинителството, претходно му беше одземен и пасошот, токму поради опасност од бегство. За Митрев, има основано сомнение дека сторил кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството појаснуваат дека се очекува истрагата да заврши за околу три месеци, а досега исказ дале околу 80% од пријавените оштетени.