Живот
11. May 2017 - 14:42

Жална вест: Почина човекот кој го направи големиот музички хит во 90-тите

Швајцарскиот ди-џеј и продуцент Роберт Мајлс (вистинското име Роберт Кончина) почина синоќа во 47 година, пренесува Дејли Мирор.

Мајлс беше најпознат по мегахитот "Children", една од песните која ја дефинираше транс денс сцената од 90-тите години. Оваа песна беше број 1 во 12 држави.

Не е соопштено од што умрел Мајлс.

На социјалните мрежи веднаш се огласи транс заедницата, која му оддаде почит на еден од своите предводници.

Слушнете го неговиот голем хит: „Children":