Живот
1. November 2015 - 12:39

Жална приказна: Куче - херој спаси живот на новороденче

Живееме во свет полн со омраза, опкружени со бездушност и нехумани луѓе. Тие луѓе ја користат секоја прилика да им наштетат на кучињата, ги оставаат сами и гладни на улица, ги трујат и убиваат.

Од друга страна пак, кучињата се тука за луѓето, без разлика колкава омрзаа и злоставување од нив добиле, ги чуваат од опасност, правејќи го светот неверојатен со нивната љубов и лојалност.

Оваа приказна покажува колку се великодушни, било да живеат згрижени или на улица, нивните срца и морал се исти!

Додека куче скитник наоколу барало храна, случајно нашло штотолку родено бебе, а најстрашно од се е што папочната врвца се уште била врзана за новороденчето!

Кучето го земало во уста бебето и се приближило до најблиската куќа, го оставило бебето пред прагот и почнало да лае! Сакало да повика некој кој би го спасил новороденчето! Семејството кое живеело во куќата го слушнале кучето како лае, гребе и бара помош! Кога ја отвориле вратата останале зачудени.

Семејството бебето го однело во болница, а благодарение на великодушноста на ова куче бебето преживеало.