Loading Video...
Кошарка
19. April 2018 - 14:09

Жалгирис со „брејк“ на гостувањето кај Олимпијакос

 
 
Екипата на Жалгирис е единствената која по четирите одиграни средби од четвртфиналето на Евролигата оствари победа на гостински терен. 
 
Литванскиот шампион се радуваше во Атина каде по продолжението го совлада Олимпијакос со 78-87 со што поведе со 1-0 во серијата подобар до три победи. 
 
До водство од 1-0 во победи дојде и актуелниот шампион Фенербахче кој беше подобар од Басконија со 82-73. Следните дуели овие тимови ќе ги играат веќе итре,повторно во Атина и Истанбул, додека вечерва ќе се играат вторите средби меѓу ЦСКА Москва и Химки, односно Панатинаикос и Реал Мадрид, во кои, домашните тимови ќе атакуваат на втора победа.