Loading Video...
Кошарка
25. April 2018 - 10:16

Жалгирис на чекор до фајнал-форот

Во кошаркарската Евролига, актуелни се дуелите од разигрувањето за место на фајнал-форт. 

Блиску до место на  турнирот што ќе се одржи во Белград, е литванскиот шампион Жалгирис кој ја оствари втората победа во дуелите со Олимпијакос, откако пред својата публика славеше со убедливи 80-60. Сега на кошаркарите на Жалгирис им е потребна само уште една победа, а првата шанса ќе ја имаат веќе утре повторно пред своите симпатизери. 
 
Шпанската Басконија, остана во игра, по вчерашната победа над актуелниот шампион Фенербахче со 88-83, намалувајќи го резултатот на 1-2 во победи. 
 
ЦСКА Москва која денеска гостува кај Химки со победа ќе го обезбеди своето учество на Ф4, а во Мадрид, Реал и Панатинаикос ќе се борат за втората победа.