Македонија
19. November 2018 - 16:11

Жалбата за притворот на Јанакиески и Божиновски испратена во Апелација

Кривичниот суд ги препрати жалбите за притворот на Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски до Апелација. Обжалените решенија второстепениот суд ќе ги разгледува на јавна седница откако ќе го добие и неопходното мислење од Специјалното јавно обвинителство. Доколку притворот за двајцата обвинети во предметот Титаник биде потврден, СЈО ќе има можност да бара негово продолжување по истекот на 30-дневната мерка, односно на 14 следниот месец.

Додека роковите течат, ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинува за класичен политички прогон и нарачан притвор за Јанакиевски и Божиновски за власта да ја прикрие својата неспособност. Опозицијата прашува по чија наредба биле следени двајцата обвинети и претседателот Иванов.

Веќе 5 дена поранешните функциоенри Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски се во истражниот затвор во Шутка. Кривичниот совет го прифати барањето на сјо за притвор со образложение дека и двајцата имале намера да ја напуштат државата, но и дека ваквата мерка е неопходна за непречено водење на судскиот процес за предметот Титаник.