Балкан
24. November 2018 - 11:22

Згрозувачка снимка од градинка – воспитувачка вика на дете и го пцуе

Видео снимка од детска градинка во Хрватска, на која се гледа како воспитувачка пред децата користи многу непримерен речник ја згрози јавноста.

Имено, на снимката се слуша како воспитувачката и го пцуе детето кое од неа бара играчка.

За инцидентот соопштение е упатено до градоначалникот на Имотска, Иван Будалиќ и директорката на детската градинка, Јеленка Јукиќ.

Директорката во соопштението навела дека преземала мерки во склад со законот и дека во понеделник ќе биде одржан состанок на градинката каде ќе се даде предлог за раскинување на договорот на вработената, со санкции кои следуваат по Правилникот за работа.

Градоначалникот побрала објаснување од директорката на градинката.

-Таквиот речник и однос кон детето е неприфатлив и не му е место во градинка, а особено не доликува на одговорен службеник. Вакво однесување не е прифатливо и од директорката бараме детален увид на ситуацијата – се наведува во соопштението на градоначалникот.