Свет
23. July 2018 - 22:16

Зграда се урна пред рокот: Во необичен инцидент на Флорида повредено едно лице

Зграда во Мајами Бич на Флорида се урна во текот на обидот за демолирање и во таа прилика е повредено едно лице.

Полицијата првобитно потврди дека постоела дозвола за рушење на зградата, но не и употреба на експлозив.

Припадниците на противпожарната бригада потврдија дека сите работници ангажирани на демолирањето се живи и на сигурно.

Во тек е истрага како се урнала зградата.