Македонија
27. December 2015 - 17:16

Зголемување на платите за специјалистите и лекарите од итната медицинска помош

За околу 4000 денари поголема плата идната година ќе добијат сите специјалисти во здравтвените домови, а зголемување од 11 проценти ќе имаат и лекарите во службата за Итна медицинска помош, информираше министерот за здравство Никола Тодоров.

- Минатата недела го потпишавме анексот на Колективниот договор со Синдикатот со кој, меѓудругото, се овозможи зголемување на платите на докторите специјалисти кои работат во здравствените домови. Само овде во Здравствен дом Скопје има 159 специјалисти кои ќе добијат покажување од околу 4000 денари. Покачувањето согласно динамиката што е направена со синдикатот ќе биде во три дела. Првиот ќе биде ќе биде во февруари, вториот во јуни и третиот во декември. Во секој сличај наредната година ќе ја завршат комплетно со зголемена плата од 4 илјади денари, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

Со покачувањето на платата ќе бидат опфатени 159 специјалисти вработени во Здравствен дом Скопје.

-д-р Виолета Спиркоска, спец.интернист во Здравтвен дом скопје.

Во меѓувреме во Здравтвен дом Скопје во функција се ставени уште два нови апарати на интерно и уво нос и грло. Целта е пациентите да се третираат тука, а само комплицираните и итни случаи да се праќаат на Клинички. Инаку годинава во скопските поликлиники и амбуланти биле дадени околу 1 милион здравтвени услуги.