Бизнис
2. May 2019 - 19:34

Зголемување на минималната плата нема да ги зголеми останатите плати, а ќе им наштети на малите бизниси

Ефектот од зголемувањето на минималната плата врз другите плати е 0, ова е оценката од експертите откако премиерот Заев вчера најави дека ќе се преговара  со работодавачите, од 1 јули минималецот  да се зголелми на 13. 000 денари. Велат дака од ова симболично зголемување голем бенефит не може да се очекува.  Работниците со најнсики плати ќе добијат минимално зголемување  на примањата, но животниот стандард нема да се подобри.  Малите бизнсии ќе се соочат со потешкотии во работата, а на оние кои подобро фунцкионираат ќе им се намали заработувачката.

-Ако некој работодавач неможе во месецот да  одвои 100 илјади денари за 100 вработени за да ги зголмеи платите и ако од тоа покачување ќе му трпи бизнисот или ќе биде на работа на рентабилност ќе затври и потоа ефектото од тоа е 0, а притисокот голем, рече Горан Рафајловски- економски експерт.

Според  Рафајловски за зголемување на платите потребна е серизона  анализа и  економски потези кои бизнисот ги нема видено повеќе од 5 години.

И пресметките од рабододавачите покажуваат дека растот на минималната не се пресликува врз останатите плати. Бараат  државата токму тука да интервенира за да може да растат и другите примања и да се заобиколи исплатата на пари на рака.

Според законот за минимална плата таа во моментов изнесува 12 . 500 денари. Заев најави  дека во следниот период ќе  преговара  со бизнисот и  синдикатите околу 90 илјади  најслабо платени работници да добијат плата  од 13 илјади денари. Премиерот очекува дека до крајот на мандатот ќе се оствари предизборното ветување минималната плата да достигне 16 илјади денари.