Бизнис
22. January 2018 - 16:44

Зголемување на цената на бензините и на дизелот од полноќ

Од полноќ поскапуваат горивата за еден денар. Со новата цена, литар дизел ќе се продава за  речиси едно евро, додека Еуроспер  од 98 октани има највисоко  вредност во споредба со ланската година, речиси 70 денари за литар. Најниска цена горивата  имаа во јуни минатата година,  кога дизел  се продаваше за 46,5 денари, или за 14 денари помалку откалку сега. Литар од 95 октани  ја има речиси истатата цена од почетокот на минататa година,само половина денар пониска  , но од  јуни до сега вредноста е зголемена за 7,5 денари. 98 цата почетокот на јануари  2017 та литар се продаваше 69 денари, една година подоцна половина денар повеќе.

Со владина одлука, од почтеокот на оваа година дизелот се продава со зголемена акциза од 3,5 денари по литар и затоа цената токму кај овој енергенс има најгоелкмо зголемувањње.

Инаку во утврдување на цената на горивата, најголем дел отпаѓа токму на акцизата, односно  структурата за пресметка е следна:

На рафинерскита цена на пример кај Еуро супер 98 октани од  32,28 денари, се додава акцизата , која изнесува речиси 22 денари. Трошоците за промет се фиксни за сите горива и изнесуваат 3,2 денари, на кои се додава половина денар за транспортни трошоци. Се плаќа и надомест за животна средина и надомест за задолжителна  резерва, кои  се помали од еден денар. На оваа сума се плаќа и ДДВ, кој, кај 98 изнесува 10,5 денари. Ова значи дека најголем дел  од сумата , нешто над половина оди за рафинеријата,  околу 48% за државата.  .Останатиот процент е ќар за трговците.

Новите цени кои ќе се применуваат во следните две недели, според Регуилаторна се должат повисоката цена на суровата нафта на светските берзи и понискиот курс на денарот во однос на доларот.