Македонија
16. February 2016 - 13:55

Зголемено вкупното производство на шумски производи

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје минатата година, во однос на четвртото тримесечје од 2014 година, е зголемено за 44,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од листопадни видови и кај огревното дрво од листопадни и иглолисни видови. 

Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни и иглолисни видови, друго обло дрво од листопадни и иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки и колци.