Зголемено семејното насилство, помалку сообраќајки за време на полицискиот час
За речиси 45 проценти повеќе пријави за семејно насилство, регистрирала полицијата за времетрањето на полицискиот час во периодот од 12 април до 12 мај.
Поднесени се 85 пријави за кривични дела семејно насилство, од кои најмногу во Скопје, Охрид и Струмица. Дополнително, евидентирани се и 49 прекршоци против 54 сторители, а констатирани уште 373 поплаки од граѓани за семејно насилство.
Од друга страна, ограниченото движење придонело за околу 40 проценти намален број сообраќајни несреќи, особено со тешки последици.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во изминатиот период постапувал по 57 настани за говор на омраза поврзани со КОВИД-19 и по оваа основа до ОЈО се поднесени 33 известувања и две кривични пријави.
Од 22 март кога беше воведена, заклучно со вчера вкупно 4783 граѓани не ја почитувале забраната за движење (полицискиот час), а од нив 3110 се приведени од полицијата.
Понесени биле 2630 кривични пријави за 3137 дела против 3412 сторители. Најголем дел се од Скопје и од Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните во Велес и Куманово.
Во однос на почитување на мерките за изолација и самоизолација, поднесени се 127 пријави за 150 кривични дела против 169 сторители, а за обврската за носење лична заштита досега се констатирани вкупно 1973 прекршоци.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто