Зголемено производството на вода и сокови
Производството на вода е зголемено за 25 отсто, а на сокови за четири проценти, покажува статистиката за минатата година во однос на 2014-та.
Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, вода произведуваат 26 компании со околу 1.200 вработени лица. Од нив, половината или 13 се домашни и сите нудат вкупно 24 различни брендови, додека останатите се странски, најмногу од Србија, Хрватска, Италија, Грција и Косово.
Една од поголемите, водечки компании која учествува со 28 отсто во вкупното производство на вода кај нас, е „Кожувачанка“. Изминатите четири години бележи континуиран раст од над седум проценти, а лани реализира 10 отсто од вкупниот извоз на вода, главно во Либија, Израел, Австраолија, Јордан, Ирак и Египет.
„Кожувачанка“, како членка на Комората, промовираше четири нови инвестиции во иновативни производи, вредни вкупно 350.000 евра: ласерско обележување на датумот на производство наместо досегашното, со мастило, што значи полесно разградување при рециклириање на пластичното шише, систем за точење пиво, ребрендирање на „Синалко“ ладниот чај и лименка газиран пијалак од 0,33 литри.
- За компанијата, секој вложен денар во иновации и промоција значи инвестиција во производ со одличен квалитет што е основен услов за зголемување на довербата кај потрошувачите, истакна Јелисавета Георгиевска од Стопанската комора, додавајќи дека во време кога условите на пазарот брзо се менуваат, успешни може да бидат само оние што ќе се навикнат и ќе одат во чекор со нив.
Според Ратко Мицев од „Кожувчанка“, компанијата ќе продолжи со воведувањето новитети согласно меѓународните стандарди, но, пред се, согласно барањата и потребите на потрошувачите.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок