Македонија
13. August 2019 - 11:39

Зголемeно нивото на Вардар кај Јегуновце

Водостојот на Вардар кај Јегуновце е речиси петпати повисок во однос на вчера, а на останатите мерни места е во рамките на вчерашното ниво. Сепак, водостојот на реката на сите четири мерни места е малку повисок од вообичаенот за овој период од годината, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Малку повисоки од вообичаените за август се и нивоата на останатите реки во земјава, исто како и на Дојранското и Охридското Езеро, додека кај Преспанското водостојот е за речиси половина метар понизок од просечниот.

Нивото на Преспанското Езеро има и пад за еден сантиметар во однос на вчера, додека кај другите две природни езера и исто со вчерашното.