Македонија
25. May 2018 - 10:19

Зголемени водостоите на реките

Водостоите на реките во Македонија се во рамките на просекот за мај и главно се зголемени во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Вардар на мерните места кај Јегуновце и Скопје каде има благо намалување на нивото споредено со вчера, исто како и кај Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Водостоите, пак, на трите природни езера се исти како вчера и се поголеми од повеќегодишниот просек за овој месец.