Македонија
28. January 2019 - 11:34

Зголемени водостоите на дел од реките

 Минимално зголемување на водостоите споредено со просекот за овој месец има на реките Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Штип, Црна река кај Јегуновце и Црн Дрим кај Ложани.

Според УХМР, пониски се нивоата на реките Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Крива река кај Крива Паланка и Сатеска кај Ботун.

Минимално зголемување на нивото на водата е регистрирано и кај Дојранското Езеро.