Балкан
14. August 2016 - 11:58

Зголемени ризиците за пад на економскиот раст во Турција

Ризиците за намалување на економскиот раст во Турција се зголемуваат и земјата може да не ги достигне планираните 4,5 отсто на крајот на годината, оцени денеска заменик-премиерот Мехмет Шимшек. 

- Кога ги планиравме тие 4,5 отсто раст, ситуацијата и во Турција и во светот беше многу поразлична, рече Шимшек во интервју за телевизија Си-Ен-Ен Турк.