Бизнис
28. September 2016 - 13:27

Зголемени продажните цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август 2016 година биле повисоки за 0,2 отсто на месечно ниво, а за 0,3 проценти на годишно ниво.

Според Државниот завод за статистика, во споредба со јули 2016, продажните цени на домашниот пазар биле повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто, Енергија за 0,4 и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2.

Во август 2016 во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар биле повисоки во групите Капитални производи за 6,5, Трајни производи за широка потрошувачка за 4, Енергија за 1,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.