Зголемени квотите за лекови на рецепт за 80 милиони денари
За дополнителни 80 милиони денари од вчера се зголемени средствата наменети за квоти за лекови на рецепт што значи дека отсега во аптеките ќе има повеќе лекови на рецепт.
- Со цел да се овозможи еднаквост во прераспределбата на овие средства, Фондот одлучи да направи измени во Правилникот за квоти со воведување линеарно зголемување и минимална загарантирана квота. Имено, од вкупно 776 аптеки, кои во моментов имаат активен договор, со реализација на квотата над 90 отсто во анализираниот период, се 742 аптеки и кај нив согласно правилникот треба да се зголеми квотата. Зголемувањето на квотите се однесува на 724 аптеки кои ќе добијат зголемување од дополнителни 26.000 денари месечно до крајот на годинава, информира Фондот за здравствено осигурување.
Со овие дополнителни 80 милиони денари, буџетот за лекови на рецепт од досегашните 2,46 милијарди денари се зголемува на 2,55 милијарди денари. Минатата година се потрошени околу 21 милиони лекови на рецепт што ги реализирале еден милион и 300 илјади граѓани.
Во 2003 година буџетот за лекови на рецепт изнесувал една милијарда денари, во 2008 година пораснал на 1,5 милијрди денари, а веќе во 2013 година бил 2,1 милијарда денари.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок