Бизнис
16. January 2017 - 13:49

Зголемени цените во земјоделството

Цените во земјоделството во декември 2016 година се зголемени за 1,7 отсто кај импутот, а намалени за 2 отсто кај аутпутот во однос на истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на тековно потрошени средства во земјоделството (инпут 1) пораснале за 1,8 отсто, а кај средства наменети за инвестиции во земјоделството (инпут 2) се намалиле за 0,3 отсто. 

Во делот аутпут, цените на растителното производство се намалиле за 1,2 процента, а на добиточното производство за 4,2 процента.