Балкан
22. December 2016 - 9:56

Зголемени безбедносни мерки во Хрватска по терористичкиот напад во Берлин

По берлинскиот терористички напад, од пред три дена, Хрватска на трет степен ги зголеми мерките за безбедност, соопшти сајтот индекс.хр.

Во согласност до проценките на надлежните служби, освен мерките за заштита од терористичка активност, во следниот период ќе се воведат и дополнителни мерки.

На местата на кои се собираат поголем број граѓани, особено во центарот на Загреб, ќе има зголемено присуство на полиција, која ќе има право да ги проверива личните документи на луѓето без никакви причини. Ќе се зголеми и надзорот врз железничкиот, воздушниот и товарниот транспорт, како и врз границите при изведување на граничната проверка на сите патници и превозни средства.

Заканата од терор во Европа е присутна веќе долго време, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, па затоа подвлече дека сите хрватски служби треба заедно да работат и неопходно е да се подобри соработката со партнерите за да се спречат евентуалните закани.