Бизнис
27. January 2018 - 17:38

Зголемената акциза на дизелот и серијата поскапувања почнаа да оставаат последици на работата на транспортерите

Транспортниот бизнис  почна да ги чувствува последиците од поскапувањето на дизелот. На дел од вработените им се променети условите за работа во договорите, а во некој фирми работниците биле принудени да вратат на рака и дел од парите кои ги заработиле. Поскапувањето  го отежна работењето во секторот. Откази сеуште нема но ако цената  на дизелот продолжи да расте  работниците се плашат дека фирмите трошоците за работа ќе ги кратат токму преку намалувањето  на бројот на вработени.

Минатата недела горивата повторно поскапеа- за еден денар. Цената на Еуросупер 95 и 98 достигна  до 67,5  денари односно  69, 5 денари  по литар. Новите одлуки најголем удар им зададоа на возачите кои користат дизел чија цена се искачи на 60, 5  денари за литар- за скоро од едне месец кај дизелот беа направени четири пати корекции во нагорна линија.

Уште првиот ден од годинава  тој поскапе за  3 ипол денари како резултата на зголемувањето на  акцизата.

Освен на проблемите предизвикани  од новиот ценовник  на горивата , од независниот синдикат  на  транспортери и нивните колеги од синдикатот на градежници се пожалија и дека работодвачите не го почитуваат законот за работни односи и поради тоа  овие  вработени често се соочуваат со незаконски откази од работа.