Бизнис
19. May 2018 - 17:20

Зголемената акциза е неопхподна за буџетот сметаат експертите, пратеничка од власта со коментар ги налути граѓаните

Средствата од зголемената акциза  на нафтата  се потребни за да се полни буџетот и Владата нема да се откаже од тие пари, вели аналитичарот Горан Рафајловски.  Точно е дека  нејзиното зголемување поскапе дел од производите, но за државата тие средства  се неопходни во државната каса. Според Рафајловски најпогодени се превозниците.  Поради зголемувањето на цената на дизелот тие мораа да го поскапат транспорот.

-  Која влада и да е нема да се откаже од тие пари.  Превозниците се најзасегнати поради што го поскапе транспортот а тоа влијае на стопанството  и на насиромашните граѓани. Но ако и понатаму има драматични проблеми со зголемувањето ан цената државата треба да делува и да се намали акцизата, рече Рафајловски.

За вчерашната изјава на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска дека акцизата нема да влијае на сиромашните   затоа што 60 отсто од сиромашните домаќинства во земјава немаат автомобили,  Рафајловски рече дека таа не ги следи доволно економските текови и параметри.

- Изјавата е повеќе  да се помогне  на сопствената влада отколку вистински правец за една ваква ситуација, рече Рафајловски.

Изјавата на Стојчевска предизвика лавина рекции и на социјалните мрежи.

На вчерашната комисија Власта не го прифати предлогот на опозицијата- цената на акцизата да се врати по старо, затоа што од поскапувањето најпогодени се домаќинствата. Од власта пак тврдат дека парите од акцизата ќе се искористат да се намали загадувањето.