Зголемена граѓанската одговорност за одлагање на електронскиот отпад | Сител Телевизија
Македонија
27. December 2016 - 13:50

Зголемена граѓанската одговорност за одлагање на електронскиот отпад

Жителите на општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци покажале голема свесност и граѓанска одговорност за складирање на електронскиот отпад преку акцијата која ја спроведе „Елколект“.

Од Елколект информираат дека со цел да ги стимулираат жителите на општините правилно да го одлагаат и селектираат електронскиот и електричен отпад организирале и наградна игра за која вчера биле познати добитниците. Во секоја од петте општини биле организирани соодветни настани на кои присуствувале и дел од учесниците. 

Преку наградната игра со која во секоја од општините беа деделни по еден лап топ, телевизор и правосмукалка, од Елколект нагласуваат дека сакаат да ги пттикнат граѓаните својот електричен и електронски отпад да го оставаат на пропишаните места, а воедно потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.