Македонија
2. December 2017 - 10:27

Зголемен водостојот на сите реки во државата

Обилните врнежи од дожд предизвикаа зголемување на водостојот на сите реки во државата. 

Двојно е зголемено нивото на реките Вардар, Треска, Крива Река и Сатеска, а над просекот за ноември е водостојот на реките Пчиња, Брегалница, Црн Дрим и Црна Река. 

На сите мерни станици на Управата за хидрометеролошки работи, нивото на реката Вардар е двојно повисоко од ноемврискиот просек освен кај Демир Капија каде се измерени 226 сантиметри, а просекот за ноември е 156 сантиметри. 

Кај езерата минимално зголемување има кај Дојранското Езеро, додека Охридското и Преспанското Езеро се околу просекот.