Македонија
26. November 2019 - 11:10

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Водостојот на Дојранското Езеро е за два сантиметра повисок од вчера, додека нивото на езерото е за повеќе од 2,5 метри повисоко од вообичаениот просек за ноември, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостоите на Охридското и Преспанското Езеро се на исто ниво како вчера. Нивото на Преспанското Езеро е за 55 сантиметри пониско од просечното, а кај Охридското е исто со повеќегодишниот просек за овој месец.

Водостоите на реките, пак, најчесто се пониски од просечните и имаат благо зголемување или намалување во однос на вчера.