Бизнис
12. October 2017 - 20:37

Зголемен прагот за задолжување на домашниот пазат од 8,5 на 11, 5 милјарди денари

Државата го зголеми максималниот износ на задолжување за 3 милијарди денари или за околу 50  милиони евра повеќе од предвиденото. На последната  владина седница донесена е одлука  лимитот  на домашното задолжување од 8,5 милијарди денари да го помести нагоре - на 11,5 милијарди денари. Односно  од максималните 138 милиони евра, сега државата преку државни хартии од вредност, без разлика на рочноста, ќе бара  од банките 187 милиони евра.   Одлуката за зголемување на лимитот од финансии го правдаат дека условите на домашниот пазар биле подобри, отколку на странските .  Тоа значи дека до крајот на годината нема да се издаде еврообрзница, велат од финансии. Зголемувањето на задолжувањата ќе ги натера банките вишокот средства наместо за кредитирање на фирмите и населението, да го пласираат во хартии од вредност, како најсигурни , за кои гарантира државата и кои им носат  загарантирана камата. 

Последните податоци на Народната Банка покажуваат дека компаниите се помалку штедат, а кредитарњето на фирмите забележа пад во септември, така што вкупните кредити на крајот на септември се нешто пониски од очекувањата во апролста проекција. Комитетот на Народната банка констратирал и дека ликвидноста кај банките е намалена, поради повлекување на ликвидните средства заради  транскациите на државата . Исто така Народната банка констратира дека поради неповолните економски показатели, прогнозата за раст од економијата од 2,5% ќе треба да се ревидира надалу.