-->
-->
Зголемен интересот за брзи тестови за Ковид-19 во Делчево и М.Каменица
-->
Зголемен е интересот за брзи тестови за Ковид-19 во Делчево и Македонска Каменица. Директорката на Здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска, информира дека повеќе од два месеци во просторијата за земање брис, успешно се земаат и ПЦР тестови, додека во последниот месец граѓаните се почесто се тестираат со брзи тестови за Ковид-19.
-Во мај месец ние ја оформивме таа просторија за земање на брисеви и работеше еден период со мал одзив а и немавме коронавирус. Од пред два месеци веќе редовно вторник и петок таа просторија се користи за земање ПЦР тестови. Од пред еден месец таму истотака се прават и брзи тестови. Интересот е зголемен за тие тестови, дневно се прават до 40 тестови, истакна Глигоровска.
Во меѓувреме во делчевскиот здравствен дом, како што додаде директорката Глигоровска е опремен ковид-центарот, кој почнува со работа.
-Од огромна важност беше да се пушти ковид-центарот. Останува овие денови да се наредат уште креветите и истиот да почне со прием на пациенти по потреба, додаде Глигоровска.
Центарот е од огромна важност за Делчево и М.Каменица, бидејки се меѓу општините во кои се бележи раст на Ковид-19 случаи, од кои повеќето се со лесна клиничка слика.
– Во текот на неделата имаме еден до два случаи со потешка слика, но најголем дел од новозаразените се со полесни симптоми. Можеби бројот на нови случаи е зголемен затоа што се зголеми тестирањето, рече Глигоровска.
Во здравствениот дом во Делечво деновиве завршува и реконструкцијата на внатрешните простории, што се очекува да заврши до крајот на оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица