Македонија
30. April 2017 - 9:33

Зголемен интензитетот на сообраќај по автопатиштата

Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.