Македонија
10. August 2018 - 8:09

Зголемен интензитетот на сообраќај на автопатиштата

Сообраќајот на патиштата денеска се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај поради летните одмори е зголемен. Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.