Македонија
2. August 2015 - 8:50

Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира во Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

- На граничните премини Богородица и Табановце има задржување околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, с евели во соопштението од АМСМ.