-->
-->
Зголемен бројот на срцеви и мозочни заболувања кај пациенти во Делчево
-->
Зголемен е бројот на срцеви и мозочни заболувања во Делчево, а возраста на пациентите се движи од 45 до 60 години.
Ова го истакна д-р Гоце Стоименовски, раководител на Итната медицинска служба во Делчево кој потенцираше дека во мај оваа здравствена патологија кулминирала кај пациентите и само во Итната медицинска служба во Делчево имало 500 прегледи, а 42 критични пациенти се тренаспортирани со возило до најблиските болнички центри во Штип и во Скопје.
- Овие пациенти беа со итна форма и случаи на срцеви и мозочни удари. Овде им ја даваме првичната терапија, а потоа ги траснпортираме до најблискиот болнички центар, најчесто Штип, па Скопје. Дел од нив се во добра здравствена состојба, дел се стентирани, но дел, за жал, егзитирале. И во тековниот месец јуни бројот на срцеви удари е голем, така што до сега до Штип и Скопје се транспротиани 20 пациенти, рече Стоименовски.
Причината за оваа акутна патологија на кардиоваскуларниот систем, тој го гледа во големите температурни разлики, ниски, па високи температури, но и нередовна консумација на терапијата кај хронични болни и нездравата исхрана.
- Пациентите мора да се придржуваат до терапијата што ја примаат. Ова посебно се однесува за хроничните болни, да се внимава на исхраната, да не се внесува многу сол и при секоја здравествена тегоба да се јават кај својот матичен лекар, рече Стоименовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација