Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во Грција, но репродукцискиот индекс на вирусот сѐ уште е под нула
Епидемиолошкиот индекс Р0, односно репродукцискиот број на коронавирусот во Грција останува под нула и во изминатата седмица бил 0,4 и покрај зголемениот број позитивни случаи во земјата, во просек 35 дневно, наспроти 25 една седмица претходно, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите ги соопшти последните податоци од седмичниот извештај за Ковид-19, истакнувајќи дека „епидемиолошката слика на Грција останува многу подобра од повеќе европски земји”, но додаде дека тоа, не смее да биде причина за опуштање.
Во периодот меѓу 8 и 15 јули, освен зголемување на просечниот број дневни случаи има зголемување и во Солун и Атина, во просек осум дневно.
-Се констатира зголемување на случаите, кое што се должи на увезените случаи, но и на внатрешната опуштеност. Ова доведе до зголемување на бројот на хоспитализирани лица, но остануваат на ниско ниво и најважното, не водат до загуби, рече Пецас и објасни дека значително е зголемен и бројот на тестови, во просек, во јули биле направени 5.000 тестови дневно, во кои се вклучени и тестовите во внатрешноста на земјата и тестовите што им се вршат на туристите.
За почитувањето и придржувањето кон мерките и правилата, портпаролот на грчката Влада повтори дека се интензивираат и инспекциите, а за прекршувачите се предвидени казни.
Паралелно, најави дека секој вторник, заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас ќе одржува прес конференции што ќе се однесуваат на оперативните теми поврзани со коронавирусот.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово