Зголемен бројот на работници во индустријата
Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на февруари минатата година е зголемен за 6,3 проценти. Во првите два месеца гдинава споредено со истиот период лани се евидентирани за 6,1 процент повеќе работници во индустријата, објави денеска Државниот завод за статистика.
Минатиот месец споредено со февруари 2017. пораст од 0,8 проценти има во секторот „Рударство и вадење на камен“, од 7,1 процент во „преработувачката индустрија“, а опаѓање од 0,6 проценти во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“, за 12,5 проценти, „капитални производи“ за 19,2 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,2 проценти, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 0,9 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,3 проценти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација