Зголемен бројот на превезени патници во патниот превоз
Бројот на превезени патници во патниот патнички превоз во второто тримесечје од годинава е зголемен за 9,9 отсто во однос на истиот период од 2016 година, при што бројот на превезени патници во градскиот превоз пораснал за 7,7 отсто, во приградскиот за 12,5 во меѓуградскиот се зголемил за 13,2, а во меѓународниот превоз за 17,5 отсто.
При тоа, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е зголемен за 30,4 отсто, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 32,8 отсто, во приградскиот превоз за 37,2, во меѓуградскиот превоз за 7,7, а во меѓународниот превоз за 49,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со првото тримесечје од годинава, пак, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 6,1 отсто.
Во однос на првото тримесечие од годинава бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 2 отсто, во приградскиот пораснал за 9,2, во меѓуградскиот превоз за 22,8, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 11,2 отсто. Кај вкупниот број на превезени километри се забележува пораст од 13,5 отсто, при што кај градскиот превоз бројот на превезени километри пораснал за 12 отсто, во приградскиот за 12,5, во меѓуградскиот за 20,6, а во меѓународниот превоз е зголемен за 9,9 отсто.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи