Македонија
28. March 2017 - 17:50

Зголемен бројот на лица заболени од рак на дебелото црево - на 500 новооткриени, 400 умираат

Од 500 новооткриени случаи со рак на дебело црево годишно умираат 400 лица. Лекарите предупредуваат дека пацинтите многу доцна се јавуваат на прегед, кога болеста веќе е во напредна фаза.

- Она за што се бориме и да се зголеми бројот и видот на скрининг програмите кои се недоволно застапени во земјата. Ова заболување треба да биде откриено во што порана фаза кога излекувањето изнесува 90 проценти. Се она што ќе се открие кај пациенти кои немаат симптоми претставува скрининг. Постојано се зголемува бројот на пациенти кои се јавуваат на превентивни прегледи, рече проф. д-р Никола Јанкуловски, абдоменален хирург и ректор на УКИМ.

- Од нашата документација за жал пациентите што ги оперираме се во трет стадиум на болеста и тоа 75 проценти, што значи болеста ги зафатила и лимфните јазли. Тоа е еден голем ограничувачки фактор за имплементирање нови техники на лекување на пример лапароскопијата како минимално инвазивна хирургија е ограничена заради тоа што имаме пациенти во многу висок стадиум на болеста, рече д-р Светозар Антовиќ од Клиника за дигестивна хирургија,

Од здружението  БОРКА алармираат дека пациентите многу време чекаат за колоноскопија, процедура која е неопходна во дојагностиката на оваа малигно заболување.

- Пациентите кои имаат крварење се соочуваат со проблеми со закажување прегледи на колоноскопија, имаме проблем со новата цитостатска терапија. Најавено е дека од оваа година ќе има достапност до некои лекови, но се уште тоа во целата оваа ситуација е нејасно на кој начин ќе се одвива и кога. Тоа се одразува на грбот на пациентите кои овој период остануваат без соодветна терапија и сме без конкретно решение да изнајдеме што би можеле понатаму да направиме, истакна Биба Додева од здружението БОРКА.

- Апаратите имаат лимитирано време на користење. Би било добро кога би можело фреквенцијата на обновување на оваа апаратура да биде почеста и времето на чекање ќе биде многу пократко и ќе има поголема можност бидејќи има едуциран кадар кој може многу да работи, многу пациенти да прегледува. Лимитирани сме малку во однос на апаратурата, рече  проф. д-р Розалинда Попова-Јовановска, гастроентерохепатолог и продекан  за наука на Медицинскиот факултет – Скопје

Ракот на дебелото црево најчесто ги напаѓа мажите после 50-тата  година. Лекарите апелираат дека сите лица кои се наа оваа возраст потребно е да направат скрининг  бидејќи во 2015 од 100.000 биле искористени само 20.000 ФОБ тестови.