Македонија
6. јуни 2016 - 17:02

Зголемен бројот на издадени упати за специјалистички лекувања

За 9 проценти зголемен е бројот на креирани упати во првите 5 месеци годинава. Истиот период лани имало 2.400.000 упатувања за специјалистички преглед, а оваа година на специјалист биле испратени 2.620.000 пациенти, покажува статистиката од Мој термин.

-Најголем број од упатите се за на интернист, изјави Милан Аризанкоски, директор на Управата за електронско здравство.

Зголемување има и на бројот на реализирани рецепти. Во првите 5 месеци минатата година биле издадени 8.500.000, а истиот период годинава биле подигнати 8.800.000 лекови.

-Најчесто се рабои за терапија за притисок и останати кардиоваскуларни заболувања, додаде Аризанкоски.

Од Управата за електронско здравство велат дека со овие податоци веќе се креираат здравствени политики и стратегии. Македонскиот Мој термин почна да се применува и во Србија, а за негова имплементација заинтересирани се Хрватска, Словачка и Бугарија.