Зголемен број на тестирања во Црна Гора, откриени нови 400 заразени
Црногорскиот Институт за јавно здравје објави дека околу 400 од 2.000 тестови на коронавирус кои биле испратени во лабораторија во Германија заради зголемено тестирање, се позитивни.
Така, значително се зголеми бројот на заразени во Црна Гора, кој со денешните нови 66 случаи достигна бројка од 963, што, како што најави директорот на Институтот, Бобан Мугоша, би можело да влијае на воведување нови епидемиолошки мерки.
„Според сегашните податоци што ги имаме, загрижени сме што над 20 проценти од примероците испратени за обработка во Германија се позитивни, што значи дека ќе има натамошно зголемување и тоа ќе влијае на тоа како ќе продолжиме да пристапуваме кон епидемијата“, рече Мугоша.
На прес-конференцијата тој објасни дека вкупно 25.000 граѓани или 396,4 на 100.000 жители биле тестирани во Црна Гора, поради што црногорските лаборатории ги зголемиле своите капацитети десет пати, но исто така воспоставиле соработка со една од најголемите лаборатории во ЕУ, Германија, каде се испратени 2000 примероци.
Во Црна Гора, вториот бран на коронавирус, кој започна во средината на јуни, зарази трипати повеќе луѓе од првиот бран, кога 324 Црногорци се заразија со Ковид-19.Вкупниот број на смртни случаи е 25, во првиот бран девет, а во вториот 15.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово