Македонија
2. February 2018 - 13:55

Зголемен број на пожари лани во Струмичко

Во Струмичкиот регион лани е забележан поголем број пожари во споредба со 2016 година. Според извештајот на Територијалната професионална противпожарна единица, биле пријавени 426 пожари, а пожарникарите извршиле и 116 технички интервенции.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Мијалче Крстев, во споредба со неколку години назад, лани е забележан рекорден број пожари.

- Во 2014 година сме имале 317, во 2015 - 379, а во 2016 година - 381 пријавени пожари. Карактеристично е што значајно учество во вкупниот број пожари имаат тие што се случиле на отворено, потоа во објекти, а заначителен дел отпаѓа и на техничките интервенции, рече Крстев.

Територијалната професионална противпожарна единица ја покрива територијата на поранешна општина Струмица, во која сега има уште три општини - Василево, Босилово и Ново Село.

Извештајот за работата на струмичките пожарникари беше усвоен на последната седница на Советот на општина Струмица