Македонија
6. February 2019 - 12:44

Згазено деветгодишно девојче од Крушопек, возачот побегнал

Деветгодишно девојче од село Крушопек, скопско,  било удрено од автомобил вчера попладне на патот село Лека – село Крушопек, по што со друго возило е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Автомобилот, управуван од непознат возач, веднаш го напуштил местото.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.