Згаснува ли Институтот за филм во Охрид - професорите не одат на предавања оти немаат земено плата
Згаснува ли Институтот за филм во Охрид . Група студенти кои не сакаа да зборуваат пред камера преку допис до Сител телевизија информираа дека професорите веќе пет месеци немаат земено плати па поради тоа не одат на предавања а студентите се оставени без настава. Оваа година изостанале и уписите на филмска академија. Тие стравувајќи за своето образование бараат од надлежното министерство итно решавање на овој проблем.
В.д.директорот на Институтот за филм Виолета Цепенкоска потенцира дека во секој момент се очекуваат насоките на надлежното министерство за образование.
Инаку Филмската академија која беше отворена во 2015 година привлекува студенти од целиот свет,а студиските програми сe прилагодени во согласност со стандардите на ФАМУ во Прага петтата најстара филмска школа во светот. Наставниот кадар на Институтот за филм покрај редовните, го сочинуваат и визитинг-професори од Прага, што претставува исклучителна можност за постипломците да учат директно од меѓу најдобрите професори во оваа област.
И покрај тоа што побаравме став од министерството за образование до овој момент не добивме одговор на што се должат актуелните случувања .Останува времето да покаже дали најавите дека со отварањето на филмската академија Охрид ќе прерасне во филмски град ќе бидат само минато.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар