Македонија
26. August 2018 - 10:27

Згасна млад живот: Загина мотоциклист во Радовиш

Млад мотоциклист загина во Радовиш. Како што стои во билтенот на МВР, утринава околу 02.05 часот на улица "Илија Алексов" во Радовиш, Д.К.(20) од Радовиш управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ со италијански регистарски ознаки удрил во паркирана тракторска полуприколка „ИМТ“. Од незгодата Д.К. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор е констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на настанот.